Имено од 1-ви декември, 50 лица вработени во општина Карпош останаа без работа. Ова е втор бран на отпуштања откако на 1-ви ноември, исто така, беа отпуштени 50 луѓе вработени во општината.
Отпуштањата на партиски неистомисленици со цел празнење на институциите и создавање на простор за вработување на партиски кадри на СДСМ зема голем замав по победата на локалните избори. На почетокот на ноември беа отпуштени 17 лица од општинската администрација и детската градинка во Делчево, 15 вработени во општина Велес исто така се жртва на политички реваншизам, меѓу кои и една бремена жена.
Хуманоста е последна карактеристика на СДСМ, бремена жена во 7-ми месец од бременоста беше прераспоределена на работно место од општината во Комуналното претпријатие, да чисти улици на минусни температури, со голем ризик за нејзината бременост.
Заев го крши Уставот со самиот чин што изборот кој ќе биде вработен, а кој не не го врши стручно тело на институцијата, туку партиска комисија на СДСМ, при што главен услов е членската книшка од СДСМ.
Бркањето од работа е само еден од начините на прогон и тортура кој го врши власта. Вработените во администрацијата секојдневно се жалат на огромен притисок и тротура од страна на директорите поставени од новата власт. Граѓаните секојдневно се жртва на партиско заробената држава, нема институции кои ќе ги заштита се се сведува на партијата на власт, која сака да одлучува за нивните судбини, притоа не толерирајќи ги различностите, во темел уривајќи ја демократијата и Уставот.
Политички реваншизам од вакви размери е невиден за европските простори. Република Македонија која според Устав и закон е паламентарна демократија, со одвоеност на трите власти и со почитување на човековите слсободи и права повеќе не постои. Република Македонија се претвори во држава заробена од партијата на власт и мала група на луѓе од врвот на истата.