Пендаровски: Ќе работам во интерес на сите граѓани

Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, денеска е во посета на скопскиот регион

„Мојот концепт е да се обратам кај секој граѓанин без разлика на етничката и партиската припадност.  Нема мои и твои , бидејќи еден против друг ако се завртиме ќе ја нема Македонија. Јас нема да бидам ничиј чирак. Секој закон кој нема да важи за сите граѓани ќе го вратам во парламентот “, рече Пендаровски.

Тој побара од граѓаните да  се даде шанса на нови луѓе, зошто како што кажа , актуелната власт е елементарна непогода.