Меѓународен ден на лицата со попреченост

Отстранување на сите видови бариери, инклузивност во образованието, развој и поголема достапност на нови сервиси за поддршка, подигнување на капацитетот на сите институции, поголема вклученост во општеството, се само дел од предизвиците со кои лицата со посебни потреби се соочуваат секојдневно.

Предизвикот на денешниот ден (3 декември), кој од страна на Обединетите нации е промовиран како Меѓународен ден на лицата со посебни потреви во 1992 година, е фактот дека тој ги обврзива сите оние кои зборуваат и дискутираат за проблемите на оваа категорија на граѓани, да стават акцент врз човекот, неговата индивидуалност и личното достоинство, а не врз неговата попреченост.

Целта на овој ден е да се поттикне подобро разбирање од страна на целокупното општество, да се поттикнат луѓето, но и институциите да станат посвесни за правата, достоинството и благосостојбата на лицата со посебни потреби, како и да се подигне свеста за придобивките од интегрирањето на овие лица во секој аспект на животот и општеството.

Темата на овогодиниешниот Меѓународен ден на лицата со посебни потреби е: „Трасформација кон одржливо и прилагодливо општество за сите“. По тој повод денеска во Скопје ќе се одржи расправа на оваа тема во организација на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија. На расправата, како што е најавено, ќе учествува и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Агендата за одржлив развој до 2030 година ветува дека “нема да остави никој зад себе”. Лицата со посебни потреби, како корисници и агенти на промени, можат брзо да го следат процесот кон инклузивен и одржлив развој и да промовираат еластично општество за сите, вклучително и намалување на ризикот од катастрофи, хуманитарна акција и урбан развој.

Според Светската здравствена организација, се проценува дека околу една милијарда луѓе живеат со некаква форма на попреченост. Ова одговара на околу 15% од светското население. Помеѓу 110 милиони (2,2%) и 190 милиони (3,8%) лица на возраст од 15 години имаат значителни тешкотии во функционирањето. Стапката на попреченост, делумно, се зголемува поради стареењето на населението и зголемувањето на хроничните здравствени состојби.

Во Република Македонија се проценува дека 10 % или околу  200 000 жители се лица со посебни потреб