
Репрезентацијата на Македонија која следната есен ќе настапува во првата фаза од квалификациите за Европското првенство 2020 за фудбалери до 19 години ги доби своите противници.
Македонија е во групата 3 заедно со Чешка, Хрватска и Луксембург.
УЕФА дополнително ќе го одреди домаќинот на оваа квалификациска група.
Инаку, денеска Македонија во истата возрасна категорија (19 години) ги доби Англија, Унгарија и Летонија за противници во елитните квалификации за ЕП 2018.