
Министерот за надворешни работи и носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за ИЕ 6, Никола Попоски денеска се обрати пред жителите на Маврово – Ростуше.
Тој ги истакна проектите кои се внесени во програмата, а кои ќе придонесат за зголемување на квалитетот на живеење во живописниот рекански крај.
Меѓу другото Попоски напомена дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи со силно темпо на работа и ќе ги поддржува сите граѓани на Македонија.