Економски: ФЕНИ ќе послужи за перење пари?

Владата и банките како инвеститор за „Фени Индустри“, според јавно публикувани информации е на пат да ангажира компанија која се наоѓа на црната листа на меѓународни организации, пишува порталот Економски.мк.

Како беше објавено во медиумите, банките побараа потенцијалните инвеститори, кои се заинтересирани за комбинантот Фени Индустри, своите понуди да ги достават во вид на Меморандум. Имено, банките деновиве потврдија дека од страна на еден потенцијален инвеститор веќе бил потпишан Меморандум за разбирање. Како што беше информирано тоа е Швајцарскиот фонд „ФОС Асет Менаџмент “ кој депонирал 3 милиони евра на сметката на Фени, а ги претставил и плановите на швајцарскиот инвестициски фонд за рестартирање на комбинатот.

Конкретно, за новиот потенцијален инвеститор во Фени, објавено е предупредување, односно аларм дека ФОС Асет Менаџмент нуди неавторизирани или нелегални финансиски услуги. Експертите советуваат да не се користат финансиски услуги од ФОС Асет Менаџмент, ниту пак да се бара каква било поддршка од нивните партнери и соработници, а исто така се препорачува да не се исплаќаат средства на компаниите во чие име се договараат.

auuuuuuuuuuuuuuuuuuu

Експертите од Global Investor Alerts нудат и дополнителни информации за Fos Asset Menagement SA, но засега нема информации дали некој ги контактирал и доколку тоа не е направено зошто не е направено.

Инаку,на 850 вработени во „Фени Индустри“ судбината им зависи од рестартирањто на овој металуршки комбинат додека превозниците сеуште не се исплатени на кој „Фени Индустри“ им должи околу 4 милиони евра. Вработените во Фени Индустри во неколку наврати протестираа и го бллокираа патот Градско-Прилеп заради неисплатените плати и нерешениот статус. Владата на Република Македонија на чело со Зоран Заев и вице-премерот Кочо Анѓушев ветуваа решение за случајот со Фени Индустри но тие овие ветувања не ги исполнија.  Тие ветуваа стабилен инвеститор кој ќе ја рестартира фабриката и ќе го реши проблемот на 850 луѓе на кои им зависи егзистенцијата од работењето на Фени Индустри. Спротивно на тоа се ангажира инвеститор кој не е соодветен и не влева доверба дека ќе го продолжи работењето на комбинатот долгорочно и без никакви скандали.