ВИДЕО: Јапонски остров „проголта“ друг остров

Еден Јапонски остров „проголта“ друг што се наоѓа веднаш до него.

Земјината обсерваторија на НАСА извести дека островот Ницима, вулкан кој што изби од површината на океанот минатиот ноември, се споил со блискиот остров што се формирал од вулканот, што пак последен пат еруптирал пред 40 години.

Ниџима се формирал на околу 500 метри од постариот остров Нишиношима во ноември. Сега, според снимките направени на крајот на март, тие се еден остров долг околу километар. Највисоката точка на новиот остров е 60 метри надморска височина, што е за трипати повисоко од точката измерена во декември, велат од НАСА.

Според големината во декември се очекуваше островот да постои неколку години. Но, бидејќи продолжи да расте, тој може да потрае.

Новоформираниот остров се наоѓа во така наречениот Пацифички Огнен круг што се протега од брегот на Чиле, северно до Алјаска и Сибир, а јужно до Нов Зеланд. Островот е на 1.000 километри јужно од Токио.