
Непознат сторител со употреба на физичка сила насилно ја отворил влезната врата од црквата „Рожденство на пресвета Богородица“ во населбата Аеродром и од олтарот кој се наоѓа во средишниот дел одзел околу 6.000 денари.
МВР информира дека кражбата се случила во период од 16 часот на 6 декември до 8:30 часот на 7 декември, а во полиција вчера ја пријавила К.С. Се работи на расчистување на случајот.