Челникот на Српската радикална партија (СРС) и пратеник во Скупштина на Србија (парламентот), Воислав Шешељ, изјавил дека нема намера да се враќа во Хаг, каде што на 13-ти декември се очекува жалбената постапка по ослободителната пресуда за него за воени злосторства, пишуваат во петокот белградските медиуми.
За белградскиот дневен весник Курир, Воислав Шешељ вели дека пресудата на Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства сторени на просторите на поранешна Југославија, повеќе воопшто не го замина, па ни по цена на животот и дека во Хаг може да го однесат „само во синџири“.
На прашањето за тоа дали би се одлучил на самоубиство, како што тоа го стори поранешниот командант на Хрватскиот совет на одбраната (HVO), Слободан Праљак кој испи отров во судницата на Трибуналот, а за чијашто постапка претходно кажа дека „заслужува почитување“, Шешељ вели дека би сторил нешто посуптилно а „не на препад“.
Лидерот на српските радикали вели дека би започнал штрајк со глад „јавно и пред камери“ и во та би бил „истраен и би одел до крај“.
„Тие (во Хашкиот трибунал) тоа го знаат и затоа се плашат од мене“, вели Шешељ, кој во текот на судењето во Хаг веќе штрајкуваше со глад 28 дена откако, поради непочитување на судот, му беа забранети посетите од членови на семејството.
На 13-ти декември Шешељ во Хаг го очекува жалбената расправа по пресудата за воени злосторства. Судот соопшти дека, доколку Шешељ не се одѕва на расправата, неговите интереси ќе ги застапува бранител назначен по службена должност.
Шешељ Хашкиот трибунал со принуањата востепената пресуда го ослободи од вина по сите точки на обвинението за воени злосторства во Босна и Херцеговина, Хрватска и против војводинските Хрвати.