
Филип Петровски ќе се кандидира за претседател на ВМРО ДПМНЕ на вонредниот конгрес на партијата на 23-ти декември. Одлуката ја соопшти во вечерашната дебата ,,Само вистина“, на ТВ Канал 5 со историчарот и публицист Стефан Влахов Мицов.
Петровски рече дека се одлучил на овој чекор по опсежна анализа и консултација со семејството, партиското членство меѓу кое и од дијаспората од каде како што рече ужива подршка.
Апелира ни под разно, како што рече, никој да не се обраќа кон делегатите како да гласаат ние сме демократска партија, и секој има свое лично право да гласа по лично убедување.