Баер на гости го совлада Штутгарт

Во првиот натпревар од 15-то коло на германската Бундеслига, фудбалерите на Баер Леверкузен славеа на гости кај Штутгарт со 2:0, и се пробија на четвртото место на табелата.

Победата за екипата од Леверкузаен пред 55.000 гледачи ја донесоа Каи Хаверц во 20 и Ларс Бендер во 80 минута.

На првенствената табела води Баерн од Минхен со 32 бодови, додека Баер сега е четврти со 22 бодови. Штутгарт е на 13-то место со 17 бодови.