Состојки:
2 кори за обланда
4 јајца
150 гр. шеќер
1 маргарин
300 гр. мелени бисквити
суво грозје по вкус
половина растопена чоколада
Подготовка:
Фил: 4 жолчки изматете ги со 150 гр. шеќер, додадете цел маргарин и мешајте.Во смесата додадете 300 гр. мелени бискоти, малку суво грозје и половина топена чоколада. Ако е густо додадете малку сок од портокал.
Карамелизирајте 300 гр. шеќер со 4 лаж. вода и врело додадете го во изматените белки.
Соединете се и ставете го на првата кора, обликувајте а потоа ставате друга кора обланда.
Кога ќе се олади исечкајте на коцки.
Состојки:
4 јајца
пола лаж. павлака
пола лаж. мајонез
2 чајни колбаси
1 краставица
сол и пипер по вкус
Подготовка:
Тврдо сварените јајца кога ќе се оладат поделете ги и отстранете ја жолчката. Потоа во чинија изгмечете ги жолчките додадете павлака, мајонез, ситно исечкната краставица, ситно исечкaна чајна и магдонос. Добро измешајте, потоа посолете и забиберете. Белката потсечете ја долу заради стабилност и наредете ја на чинија.Наполнете ја со фил и украсете по желба.