Оставки на членовите на ДИК поради астрономските бонуси

Членовите на ДИК си поднеле барање за престанок на функцијата, потврдила за Телевизија 24 Виолета Дума, откако граѓаните покренаа кон крајот на минатаа седмица петиција за оставка на сите членови на Државната изборна комисија која си излгасале делење енормни за македонски услови бонуси.

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, во неделата,  пет дена по обелоденувањето на скандалот со бонусите на членовите се извини за нетранспарантноста на институицијата.

Во интервју за интернет порталот Нова, Чичаковски рече дека згрешиле што одлуките за бонусите не ги објавиле навреме. За барањата од јавноста сите членови на ДИК да си поднесат оставка, Чичаковски вели  дополнително ќе одлучува.

Генералниот секретар на Државната изборна комисија, Добре Јанчев, во понеделникот поради службен пат беше недостапен да ја потврди информацијата што за медиумите ја дадоа членовите предложени од СДСМ,  Игор Милев и Виолета Дума, кои тврдат дека наводно „веќе ги вратиле“ средствата за „прекувремената работа“ во Буџетот.

Оставките се неотповикливи, а според Дума парите што членовите ги земале како надомест поради и што беа критикувани во јавноста веќе ги вратиле во државниот Буџет, иако тоа е малку веројатно.

Оставките следуваат откако во јавноста беше обелоденето дека на затворена седница да си поделат вртоглави суми како надоместоци за последните изборни циклуси.

Во четвртокот беше покрената интернет-петиција со која се бара оставка од членовите на Државната изборна комисија (ДИК) откако беше објавено дека земале бонуси, и која до неделата вечерта собра над 4000 потписи.

„Бараме оставка на деветте членови на ДИК поради неетичко однесување и кршење на ‘Принципите за работа’ објавени на веб-страницата на ДИК кои меѓу другото гласат: ‘Постојано вршиме самоевалуирање затоа што сакаме постојано да ја унапредуваме нашата работа и секој нареден изборен циклус да биде подобар од претходниот. Притоа ја зголемуваме ефикасноста, ја спроведуваме работата со помалку напор, и ја зголемуваме ефективноста со што ги намалуваме трошоците за својата работа“, се наведува во петицијата

Претседателот и членовите на ДИК, Александар Чичаковски, Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов, Виолета Дума, Игор Милев, Субхи Јакупи, Сашо Срцев и Силвана Бонева, како што американскиот амбасадор Џес Бејли на почетокот од минатата седмиц ја изнесе информацијата во јавноста си изгласале дополнителна плата за четири дополнителни месеци за нивната работа на октомвриските локални избори, а оти претходно дополнителено добиле плата и за пет месеци по изборите од 2016 година. Потоа се дозна дека астрономските за македонски услови суми биле поделени и за планираните предвемените парламентарни избори кои не се одржаа минатата година.

Членовите на ДИК одржаа седница на која потенцираа дека одлуката за надоместок за изборите за нив и за стручната служба и други ангажирани лица е законска и според член 19 од Изборниот законик и Правилникот на Комисијата. Тие, иако сметаат дека ги заслужиле тие пари, посочија оти ќе ги вратат четирите плати во Буџетот или ќе ги донираат, поради судот на јавноста.