Митовска: СДС покажува дека не знае да владее демократски, туку сака да воведе едноумие“

Денеска сме тука да го искористиме нашето право на протест против политичкиот реваншизам што го прави власта и на овој начин кога прави политички реваншизам врз неистомислениците, истакна Слаѓана Митовска при блокадата на крстосницата кај Мавровка.

„Не нуди подобар животен стандард и подобар живот на граѓаните туку напротив не оддалечува од евроатланските интеграции и на овој начин Социјалдемократскиот сојуз  покажува дека не знае да владее демократски, туку напротив сака да воведе едноумие“, додаде Митовска.