Поларна зима ја зафати Турција

Поларни студови се регистрирани во турската област Анадолија, со температури до минус 26,3 Целзиусови степени.

Во градот Ерзурум биле забележани минус 25 степени, а максималните дневни температури биле минус осум степени.

Метеролозите очекуваат дека овој студен бран ќе потрае уште неколку дена.