Реал Мадрид потешко од очекувањата избори пласман во финалето од клупското светско првенство, откако во полуфиналето во средата вечерта во Аби Даби ја совладаа домашната Ал Џезира со 2:1.
И покрај големата доминација и низата шанси, актуелниот светски и европски шампион Реал Мадрид далеку потешко отколку што се очекуваше ја победи Ал Џазира од Обединетите Арапски Емирати. „Кралскиот клуб“ во текот на натпреварот упати 34 удари кон противничкиот гол, четири пати ја погоди рамката на голот и постигна само два гола, со кој направи целосен пресврти а победничкиот беше постигнат дури во 82 минута.
Ал Џазира поведе во 45 минута со голот на Ромарињо, изедначи Кристијано Роналдо во 53 минута, и двата гола падна по катастрофалните реакции на одбраните, а Гререт Бејл во 82 минута го постигна голот кој Реал го однесе во финалето.
Реал можеше уште во првото полувреме да постигне пет-шест голови, но Ал Касеиф беше несовладлив. Три одлични шанси имаше Кристијано Роналдо. Реал ја затресе противничката мрежа во 24 минута но голот на Бензема беше поништен поради фаул на Роналдо над одбранбен играч на Ал Џазира. Во 34 минута гол постигна Каземиро, но овој погодок беше поништен бидејќи Бензема бил во офсајд. Бразилскиот судија Ричи прво го призна голот, но по прегледување на снимката го поништи. И кога се чинеше дека полувремето ќе заврши без голови, Ал Џазира поведе од брза противнапад. Мубарак Бусуфа му асистираше на Ромарињо по грешката на Каземир на левата страна а овој со дриблинг го исфрли од игра Варан, и гаѓаше во спротивниот агол.
Во 47 минута Ал Џазира имаше шанса да поведе со 2:0, и можеби да приреди сензација. По новиот брз противнапад Бусуфа постигна гол, но беше чекор во офсајд поради што голот беше поништен. Само две минути подоцна најдобриот играч на домашните, голманот Касеиф мораше да излеза од игра поради повреда. Наместо него влезе Калед ал-Сенани и веќе по првиот удар кон него прими гол. Мидриќ додаваше во шеснаесетникот за Роналдо при што еден домашен одбранбен играч ја промаши топката, а Португалецот од свртување неодбранливо биеше. Роналдо со овој погодок стана со шест голови рекордер во овој сегмент на клупските светски првенства.
Бензама стативата ја погоди двапати, во 67 и во 69 минута. Сепак, напорите на Реал дадоа резултат во 83 минута. Само една минута откако Бејл влез во игра, Лукас Васкез од десната страна нафрли за Велшанецот кој итро ја спроведе во мрежата.
Со влегувањето во финалето Реал Мадрид има шанса во една календарска година да освои дури пет трофеи, откако ги освои и европскиот и шпанскиот суперкуп, покрај триумфите во националното првенство и Купот на кралот. Свое место во историјата на „кралскиот клуб“ може да најде и Зинедин Зидан, бидејќи тоа би бил седми трофеј за францускиот стратег на клупата на Реал со што би се изедначи на третото место со Винсенте дел Боске. Пред нив се само Луис Моловни, а на уверливото прво место е Мигуел Муњоз со дури 16 трофеи.
Реал Мадрид во финалето ќе игра против бразилски Гремио кој во првото полуфинале во вторникот со 1:0 по продолжувањата ја совлада мексиканска Пачука.
Финалето ќе се игра на 16-ти декември, а истиот ден и натпреварот за третото место.