Тепачка во скопско, едно лице заврши на Ургентен

Четириесет и едно годишниот Џ.А. од Скопје на 11-ти месецов околу 22 часот бил донесен повреден во Ургентен центар Скопје со две убодни рани и расекотини на рацете и по санирањето на истите тој е пуштен на домашно лекување.

-Од извршениот разговор со повредениот Џ.А. и пријавениот И.А.(27) констатирано е дека околу 20.15 часот во село Букович во близина на поштата истите го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка каде Џ.А. удирајќи го со рака и стап И.А. во пределот на лицето и грбот му нанел повреди, по што истиот со нож му нанел на Џ.А. повреда на рацете и ногата во вид на расекотина и убодни рани, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.