
Пет лица се повреди откако автомобил „Ауди А4“ утринава околу 6:20 часот излета од регионалниот пат Тетово – село Волковија.
-Во незгодата, со повреди се здобиле возачот Љ.А. (34) и четирите сопатнички во возилото Р.П. (42), М.Б. (31), А.Н. (27) и В.А.(55), сите од с. Стенче, информираат од полицијата.
Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Клиничка болница Тетово.
По укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите, Р.П. била префрлена во Клинички центар Скопје, М.Б. и В.А. биле задржани на лекување, а Љ.А. и А.Н., по укажаната помош, биле пуштени на домашно лекување.
Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.