Момче од Кочани остана без своето „ауди А5“

Лице од Кочани, вчера остана без своето „ауди А5“, откако го паркирал пред бурекџилница во Скопје.

А.А. (26) од Кочани пријавил дека околу 11.45 часот на улица „Ѓорче Петров“ во Скопје од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „ауди А5“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на лицето Д.А., а управувано од пријавителот.

Кога пријавителот влегол во бурекџилница го оставил отворено возилото изгаснато со клучот внатре, сторителот го искористил моментот, влегол во возилото го стартувал и незабележан од никого заминал во непознат правец.

На тој начин пријавителот е оштетен за околу 1.800.000 денари.  Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.