Фудбалерите на Милан ја запишаа и третата победа во низа, а најнова жртва на популарните „росонери” е домашниот тим на Џенова.
Милан дојде до заслуженото водство со прекрасниот погодок на мароканскиот интернационалец Адел Тарабт, а уште поубав погодок, премиерен во италијанската Серија А, постигна репрезентативецот на Јапонија, Кеисуке Хонда.
„Лигата на Европа е се поблиску, но има колема конкуренција, неколку клубови се во игра. Ние имаме зацртана цел и нема да отстапиме од истата. Без разлика дали ќе успееме или нема да успееме, Милан мора да се подготви што е можно подобро за новата клупска сезона”, изјави предводникот на „росонерите”.
Со двата погодока на шпанскиот интернационалец Фернандо Љоренте, актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус забележа триумф во првенствениот дуел против новајлијата во елитното друштво, екипата на Ливорно.