
Актерката Џенифер Анистон и нејзиниот сопруг, актерот Џастин Тиеро, веќе неколку месеци не живеат заедно. Според американските медиуми, проблемите во бракот почнале пред околу една година, а од пред три месеци живеат разделени.
Џенифер и Џастин се запознаа на снимањето „Вондерласт“ 2012 година, а се венчаа пред три години. Причините за разделбата се работните обврски на актерите и недоволното време што го минуваат заедно, но и фактот што Џастин сака да живее во Њујорк, а таа во Лос Анџелес. Пријатели блиски на Џенифер велат дека таа не би поднела уште еден неуспешен брак.