Најмалку 26 мртви во лизгање на земјиште на Филипини

Дваесет и шест лица смртно настрадале во лизгање на почвата предизвикана од тропската бура Каи-Так на остров во централноисточниот дел на Филипини, а 23 луѓе се водат како исчезнати, објавија локалните власти.

За загинатите на островот Беларан објавено е ден по минувањето на бурата преку архипелагот. Каи-Так особено во саботата ги опусти островите Самар и Лејта, принудувајќи на евакуацијата речиси 88.000 луѓе.

„Вкупно 26 лица загинале во лизгање на земјиштата во четири града на островот Биларан“, изјави Софрониот Дакило, покраински функционер на службата за управување со природни катастрофи.

Жерардо Еспина, гувернер на покраината Биларан, остров во непосредна близина на Лејта, го потврдил бројот на жртвите за телевизиската станица ABS-CBN, додавајќи дека 23 лица се водат како исчезнати.

Властите во саботата потврдија три смртни случаи, но не се знае дали тие се вклучени во новиот биланс.

Во неделата Каи-Так загуби на силата и се претворил во тропска депресија, но властите предупредија на можноста од поплави и нови лизгања на теренот.