Во ноќен напад на талибаните врз полициски позиции во Лашкар Хан, главен град на покраината Хелманд, убиени се 11 полицајци, извести во неделата покраинскиот гувернер за агенцијата AFP.
Гувернерот рекол дека нападот е изведен ноќта меѓу саботата и неделата. Талибаните преку електронска порака до медиумите ја преземале одговорноста за нападот.
Во еден часот по полноќ по локално време, голем број талибански борци нападнале две полициски станици во Лашкар Хан. Полициските сили одговориле на нападот, но 11 полицајци се убиени а уште двајца други се ранети. По нападот талибаните се повлекле.
Шефот на локалната полиција изјавил дека во полициските операции се убиени 15 талибански борци изминатите денови. Талибаните контролираат 10 од 14 окрузи на покраината Хелманд последните 15 месеци и нивите борци го опкружуваат главниот покраински град.