
Градите што комотно ги собира во градник со големина 1 или 2 се сметаат за мали. Иако жените со текот на времето почнуваат да ги сакаат и ги прифаќаат малите гради и не би ги менувале за ниту едни поголеми, тие имаат некои секојдневни навики што се навистина мачни, а нив можат да ги разберат само жените со мали гради.
Да се купи вистински градник е вистинска мака, а кога ќе го најдете веднаш морате да купите три исти, затоа што можеби подоцна нема да можете да ги најдете и повторно имате проблем.
Ги носите најнеудобните градници што постојат. Жица, перничиња, цврсти прерамки, дупли перничиња…
Се сеќавате на тинејџерските денови како да беа вчера, кога со нетрпение го очекувавте денот кога ќе пораснат, но ете… И по 10, 15 или 20 години се’ уште ништо не се случило.
На првиот состанок сметате дека вашиот најдобар пуш-ап градник е само измама и малку ви е страв што ќе си помисли тој кога ќе ја открие вашата тајна.
Купувањето на костим за капење е уште поголем ноќен кошмар од купување градник. Ако долу е во ред, горе не е или пак супер е дезенот и кројот, но кога ќе го ставите на место изгледа како нешто да недостига… А вие добро знаете што недостига.
Сонувате за фустан или маица со заводливо деколте, но…