Дејан Бошковски, поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ и уште други две лица денеска седнуваат на обвинителна клупа во во случајот на специјалното јавно обвнителство, наречен „Тарифа“, објави А1Он.
Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу 4 милиони евра.
Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластување во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП Систем“.
Обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.
Бошковски е инаку сопруг на Билјана Бришкоска Бошковска, поранешна заменичка на министерот за правда. Кривичниот суд во овој предмет ги прифати и бомбите како докази во постапката. Предметот ќе го суди судијката Верка Петковска, која го судеше случајот за настаните од кумановско „Диво Насеље“.