
Во Солун утре претпладне треба да продолжи судењето за барањето за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски, откако минатата недела беше прекинато, поради истекот на временскиот период предвиден за рочиштето.
Одбраната очекува да биде одбиено барањето за екстрадиција, а според грчките закони одлуката се објавува веднаш или најдоцна во рок од 24 часа.
Грујевски и Бошкоски се обвинети од СЈО за предметот „Таргет- Тврдина“, а беа уапсени од грчката полиција на Аеродромот во Солун на 18-ти октомври во обид со лажни пасоши да заминат за Будимпешта.