Денеска закажано рочиште за случајот „Сопот” во кој десет лица се обвинети за тероризам

Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за случајот „Сопот” во кој десет лица се обвинети за тероризам.

Овој случај е од 2003 години, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина. Во овој случај десет лица се осудени за тероризам. Тие се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули годинава му го предаде предметот „Сопот“ на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.