Општина Бутел отвори дежурен телефон за пријавување аерозагадување

Општина Бутел отвори дежурен контакт телефон за пријавување загадувачи на чистиот воздух и животната средина.

Како што соопштија од општината, Проектот „Сакам да дишам чист воздух” e дел од заложбата на локалната самоуправа за здрава животна средина.

„Преку активна кампања, ги охрабруваме граѓаните да земат учество против загадувачите на територија на општина Бутел, секој работен ден од 8 до 22 часот со пријавување на дежурниот телефонски број 077/579-037“, се наведива во соопштението.