Со ткн Молотов коктел е нападнат кафе барот „Круг“ кој се наоѓа во Дебар маало, во централното градско подрчје на Скопје, а во моментот кога бил фрлена запалливата смеса во локалот се наоѓал и сопственикот.
Во полицискиот билтен потенцираат дека сторителот е сѐ уште непознат и дека допрва се превземаат мерки за расчистување на настанот.
„На 19.12.2017 година во 03.50 часот во Скопје, на улицa „Наум Наумовски Борче“ во угостителски објект соственост на З.К.(46) од Скопје, од страна на непознат сторител фрлено е стаклено шише во кое најверојатно имало запалива материја и на местото каде што паднало, настанал пожар. Пожарот е локализиран од страна на чуварот во угостителскиот објект, при што скршено е стакло од влезната врата од локалот, а повредени лица нема. Извршен е увид на место на настанот, се преземаат мерки за расчистување на случајот“ информираат од МВР.