Во Хаг денеска ќе се одржи церемонија за затворање на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, познат и како Хашки трибунал, кој официјално ќе престане да постои по десет дена.
На церемонијата ќе присуствуваат официјални претставници од неколку поранешни југословенски републики, чии државјани во текот на изминатите 24 години се процесуирани во Судот.
За време на 24-годишната работа Трибуналот процесуираше 161 обвинети, од кои повеќе од половината беа дела од воениот и политичкиот врв на Србија и Република Српска.
Трибуналот зад себе остава милиони документи од предметите кои ги водеше, а кои ги сакаат земјите од регионот чии граѓани беа во постапките.
Хашкиот трибунал беше осонован со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации заради гонење на сторителите на воени злосторства на територијата на поранешна Југославија.