Пукање на меѓукорејската граница

Јужнокорејските војници истрелале дваесетина куршуми, како предупредување, кој севернокорејските единици кои се приближиле на границата во демилитаризираната зона наводно трагајќи по војник кој пребегнал на Југот, соопшти Сеул.

Севернокорејскиот војник ја минал демилитаризираната зона, и излегол од густата агла на контролна точка, тврди јужнокорејската армија.

„Нашата војска се погрижи за неговата безбедност, а агенциите ќе спроведат испитување за да ја дознаат заднината и мотивите на неговото бегство“, изјави портпаролот на Јужнокорејскиот здружен генералштаб, Рох Џае-чеон.

Корејската телевизија KBS објави дека инцидентот се случил во покраината Гангвон. Информацијата не можела да биде проверена од независни извори, па не е утврдено дали станува збор за дел од пропагандната војна. Севернокорејската војска засега не реагира на овие тврдења.

Станува збор за четврти случај кога севернокорејски војник годинава пребегнува на Југот, според тврдењата на Сеул, и втор во последните два месеца откако пораснаа тензиите на Корејскиот полуостров. За последното пребегнување имаше контроверзни информации, една според кој војникот кој бил гонет од севернокорејските војници бил погоден со пет куршуми и починал подоцна на јужнокорејската страна, и другата дека бил опериран и неговиот живо не е во опасност.

По последното бегство, Северна Кореја започнала да ја зајакнува границата во областа на демилитаризираната зона, па еден функционер објавил фотографија на којашто се гледа како севернокорејците наводно копаат ров.