Генералното собрание на Обединетите нации во четвртокот вечерта ја изгласа резолуцијата за непризнавање на одлуката на САД за статусот на Ерусалим како главен град на Државата Израел, пренесуваат агенциите.
Од 193 земји и територии членки на Генералното собрание на ОН, за резолуцијата подготвена од Египет, на којашто претходно во понеделникот во Советот за безбедност вето ставија САД, а сите други 14 членки, гласале 128 држави, против се изјасниле девет а уште 35 се воздржале од гласањето.
Резолуцијата не ја поддржале САД, Израел, Ходурас, Гватемала, Микронезија, Маршаловите острови, Науру, Палау и Того.
Според текстот на документот, „сите одлуки и активности кои имаат цел да се промени карактерот на статусот“ на Ерусалим, се ништовни, немаат правна сила и мора да се укинат. Резолуцијата, исто така, бара од сите држави да не преземаат и да не признаваат никакви мерки, кои се во спротивност со резолуциите на Советот за безбедност при ОН.
Доналд Трамп на 6-ти декември ја отстапи од децениската практика на неговите претходници и ја ефектуираше уредбата на Конгресот од 1995 година, и го призна Ерусалим како главен град на Израел, но истовремено го потпиша и документот за почеток на подготовките за преселувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.
Одлуката на Трамп наиде на одушевување во Израел, но предизвика остри негативни реакции во арапскиот и муслиманскиот свет, но и меѓу бројните американски сојузници, и во прв ред кај Палестинците.
На 18-ти декември САД по шест години вложија вето на некоја резолуција во Советот за безбедност при ОН која се однесува на Израел, а египетскиот документ побара државите да во согласност со резолуцијата на Советот 478 од 1980 година да се воздржат да ги преселуваат своите дипломатски мисии во Ерусалим.
Пред гласањето американскиот претседател Доналд Трамп и амбасадорката при ОН, Ники Хејли се заканија дека САД ќе престана со финансиската помош за земјите коишто ќе гласаат за резолуцијата на Генералното собрание. Хејли, исто така, истакна дека резолуцијата нема да влијае на одлуката на САД да ја пресели амбасадата во Ерусалим.
Израел го смета Ерусалим за своја „вечна и неделива“ престолнина, вклучително и неговиот источен дел кој го зазема со ткн Шестдневна војна од 1967 година од Јордан, кој сега има јуриздикција врз тамошните свети места.
Меѓународната заедница не го признава ова и го смета статусот на градот за еден од најсложените проблеми на блискоисточниот конфликт, кој треба да се реши на основа на договорот со Палестинците кои го посакуваат источен Ерусалим за престолнина на нивната идна држава. Поради тоа, државите своите амбасадите ги отвораат во Тел Авив.