
Утрово во својот дом во Врање почина 9 годишната Анастасија Трајковиќ. Таа боледуваше од редок тумур, а беше на лекување и во Прага. Девојчето вчера падна во кома, а изутринава ја загубила битката со туморот.
Малата Анастасија била ученичка во третото одделение во основното училиште во Врање. До сега имала пет операции и четири хемотерапии.