Најмалку четири лица ги загубиле животите во експлозија на камионет со пиротехника во мексиканската сојузна држава Мичоакан на Бадник вечерта, пренесува локалниот портал специјализиран за инцидентите и безбедност Red113.
Според порталот, камионетот со опасниот товар се забил во дрво на магистралниот пат меѓу градовите Патскуаро и Уруаопан, по што возилото се запалило. Сите загинати се наоѓале во камионетот, тројца од нив целосно изгореле во пожарот, како и самото возило.
Експлозиите на пиротехнички материјали со смртоносен исход на повеќе лица не се ретки во Мексико, каде што празнувањата вообичаено се слават со масивни огномети и употреба на многу пиротехника. Во средината на декември уште четири лица беа жртви на експлозија во магацин со пиротехника во државата на главниот град Мексико.
Во март во градот Тултепек во детонација на опасни производи, исто така, загинаа четири лица, а во декември минатата 2016 година во истиот град во експлозија на саем на пиротехника загинаа над 40 луѓе.