Момче избодено со нож во автобус на ЈСП (ВИДЕО)

Момче кое се превезувало во автобус на ЈСП пред неколку минути било прободено со нож во Чаир, објави албанскиот портал fol.mk.

Идентитетот на момчето се уште е непознат, а според очевидци, момчето е повредено во ногата.

-Според очевидец, полицијата веднаш била присутна на местото на настанот, а жртвата веднаш била пренесена во болница, пишува порталот, кој објави и ексклузивна видео снимка.