Села ќе излезе од Владата откако ќе се усвои законот за јазиците

Челникот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, изјави прес-конференцијата во понеделникот дека ќе неговата партија ќе остане дел од Владата сѐ додека не бизде изгласан законот за употреба на јазиците.

„Од тој момент Алијансата за Албанците ќе престане да биде дел од ова владеење кои има добиено прекар реформска влада, а од ден на ден се уверуваме ние, па и сите граѓани граѓани дека останува машина за перење на гревовите, на криминалите и на окупираните политичари кои се дел од власта“, рече Села.

Села повтори дека не го прифаќа понуденото вицепремиерско место за реформи.

На прашањето како го коментира назначувањето на новиот министер за здравство порача дека премиерот Зоран Заев лаже дека се работи само за пополнување на испразнето место во Владата, туку се работи за нејзино реконструирање. Но, според Села, Заев не го испочитувал договореното кога се формирала Владата.

 

Од почетокот на седницата, Алијанса предложи што поскоро да се изгласат новите министри и заменик министри, да се изгласа законот за албанскиот јазик, 25–та точка од дневниот ред. За овој предлог гласаа „за“ сите албански пратеници, вклучувајќи ги и пратениците на ДУИ и Мухамед Зекири од СДСМ, а другите пратеници на СДСМ гласаа против.

И премиерот Заев, образложувајќи ја својата одлука за да одземање на Министерството за здравство на Алијанса, и натаму инсистира дека ова министерство му беше доделено на Села поради Таравари.

Премиерот мислел дека функцијата на вицепремиер за реформи би била атрактивна за АА, партија која сака да се докаже, но таквиот предлог веднаш беше отфрлен.

„Им ги направив алал, сите ќе му ги дадеме на Али Ахмети и на ДУИ, но и заменик премиерот за испраќање по бурек“, рече Сеља.

Села, рече „алал нека им се сите функции на ДУИ“, соопштувајќи ја одлуката дека ќе излезе од Влада. Функциите не се важни за неговата партија, додаде Села, но ги предупреди во СДСМ дека ќе го почитува договорот за законот за албанскиот јазик и ќе гласа за тој закон, а потоа, премиерот Заев ќе може да ги разреши неговите заменици–министри.