
Десетици учесници во настаните од 27-ми април, уметници и пратеници неосновано се ставени во притвор. Додека премиерот е целосно недопирлив за правосудните органи. Притисокот не запира кај органите за прогон и пресудување, туку продолжува и во установите за притвор. Притворените се изложени на нехуман однос, престојуваат во ќелии со температури под нулата, полни со мувла и со неисправни прозорци во сред декември. Презумпцијата на невиност овде е непознат поим. Правата на луѓето во истрага неоткриена категорија, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека прогонот кој се врши е невиден за демократска Европа. Човековите права гаранитрани со Европската конвенција за човековите права се кршат на секој чекор. СДСМ ги зароби институциите. На удар е секој еден граѓанин.
-Овој прогон мора да запре. Македонија мора да стане демократска држава, со цврсто загарантиран принцип на владеење на правото, потенцираат од партијата.