
Две лица биле потешко повредени во две од вкупно 12 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.
Во две незгоди биле полесно повредени две лица, а во осум била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеснаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи за неправилно престигнување. Од сообраќај биле исклучени осум возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и осум возила со истечена важност на сообраќајната дозвола. Затекнати биле 137 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 91 возило.
.