Собранието на Република Македонија ги одложи закажаните продолженија на пет седници единаесетата, дванаесетата, тринаесеттата, петнаесеттата и дваесет и втората седница, коишто требаа да се одржат во средата.
Единствено засега за утре е префрлена дваесет и втората седница, на која на дневен ред се реформските закони од правосудството.
Информација за причините за одложувањата на седниците засега нема.
Најголем број од заостанатите точки на четирите седници се или предлози на опозицијата или се очекува и нејзин предлог, како што е онаа за потпретседатели на Собранието.
За во четврток, пак, во Собранието се закажани седница за пратенички прашања, продолжение на 22-та седница, како и седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.