
Рошиштето за случајот „Насилство во Центар“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено за 2-ри февруари, одлучи во средата Кривичниот суд.
Главната расправа по овој предмет треба да почне од почеток, бидејќи судијката Татјана Михајлова, којашто го судеше порашнешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и другите обвинети, е прераспоредена во друг оддел на Основниот суд Скопје 1 Скопје. Со ваквата одлука се согласил обвинителот од Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски.
Во овој предмет обвинети се четиринаест лица за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година. На претходните рочишта, вина за настаните признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски.
Меѓу преостанатите дванаесет обвинети се поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.
Груевски во петок, на 29-ти декември, треба да се јави кај шалтерски службеник, како мерка на претпазливост која му ја определи судот по барање на Специјалното јавно обвинителство