Обама предупреди дека интернетот може да води до „балканизација“ на општеството

Поранешниот американски претседател Барак Обама изјави во средата во интервју дадено за британскиот принц Хари дека користењето на соцјалните медиуми се заканува со предизвикување поделби и затоа лидерите би требало да осигурат итнернетот да води кон „балканизација“ на општествата.

Во интервјуто во коешто принцот Хари беше гостин уредник на програмата на Radio4 на британскиот јавен сервис BBC, поранешниот американски претседател Барак Обама, кој доаѓа од Демократската партија, вели дека се чувствувал спокојно кога минатата година ја напушти Белата куќа.

Чувствата, сепак, биле поделени „поради недовршената работа и грижата во кој насока земјата ќе оди“, додаде Обама опишувајќи го периодот откако републиканецот Доналд Трамп на 20-ти јануари ја положи свечената обврска како 45-ти претседател на САД.

Политичарите мора да бидат одговорни кога нешто објавуваат на интернет и свесно за можните последици, рече Обама очигледно алудирајќи на практиката на Трамп да објавува на Tweitter.

„Сите ние кои сме лидери мораме да изнајдеме начин повторно да создадеме заеднички постор на интернет. Една од опасностите на интернетот е дека луѓето може да имаат потполно различни стварности, може да останат вкопани во информациите кои ги зајакнуваат нивните предрасуди“, рече Обама.

Обама, чијашто прва претседателска кампања во голем дел се засноваше на користењето на социјалните мрежи тогаш како новитет, подоцна повеќепати предупредуваше дека платформите на социјалните мрежи може да доведат до атоа луѓето да носат брзи заклучоци за сложените прашања, но кога ќе се исклучат од мрежите може да увидат дека тие прашања не се толку едноставни како што тоа излгеда во „четрумот“.

„Очигледно е потешко да се биде одбивен и свиреп како стварна личност, отколку што тоа може да се прави анонимно на интернет“, заклучи Обама.

Принцот Хари на Обама му постави неколку куси прашања, вклучително и за тоа дали повеќе сака да носи „боксерки“ или „слип“ гаѓи. „Простете, на тие прашања не одговорам“, му рече Обама.

Принцот не кажа ништо за тоа дали ќе го покани Обама на својата венчавка со американската актерка Меган Марки којашто е планирана за мај.