
Едно лице загинало во една од вкупно деветте сообраќајки регистрирани во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје.
Во две сообраќајки биле потешко повредени две лица, а три лица биле полесно повредени во една сообраќајка. Во пет била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала неколку прекршоци. Петнаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и еден возач поминал на крстосница на црвено светло.
Од сообраќај биле исклучени девет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, како и седум возила со истечена важност на сообраќајната дозвола. Затекнати биле 107 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 93 возила.