Путин: Експлозијата во Санкт Петербург е терористички чин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека вчерашната експлозија во еден супермаркет во Санкт Петербург при што беа ранети десетина луѓе, била терористички чин.

Истрагата потврди дека експлозијата била причинета од рачно изработена бомба со сила од 200 грама ТНТ. Агенцијата Асошиетед прес јави дека досега никој не ја презел одговорноста за експлозијата.

Официјална Москва пред десетина дена соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин го повикал американскиот претседател Доналд Трамп за да му заблагодари поради дојавата на ЦИА со која била спречена серија бомбашки напади во Санкт Петербург.