Возило изгоре во сообраќајка, загина таксист

Во 1.30 часот по полноќ се случила страшна сообраќајка на булеварот Србија во Скопје, кога автомобил „ауди А4“, управуван од 28-годишниот Ѓ.Д. се судрил со „пежо 207“, управувано од 60-годишниот А.М. од Скопје.

Возилото од силината на ударот поминало на другата лента на улицата, во спротивна насока, удрило во оградата на бенизнската, па се забило во такси управувано од 58-годишниот Т.Ј. од Скопје.

Возилото „ауди“ по несреќата се запалило и целосно изгорело.

За жал, во несреќата починал Т.Ј. на лице место.

Возачот на „аудито“ има телесни повреди.

ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам