Станот на 41 годишниот Љ.М., лоциран на улицата „Павел Шатев“ во Битола бил ограбен вчера во период од 8 до 16.50 часот.
Сторителот, со подесен алат ја отворил влезната врата од станот, влегол внатре и одзел еден пиштол марка „ЦЗ М57“ калибар 7,62 мм, дигитален фотоапарат, шест рачни часовници, разновиден накит и еден плик со 20.000 денари и 150 евра, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 120. 000 денари, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.