Носителот на кандидатската листа за пратеници на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица Антонио Милошоски, денескa е во посета на Кичево и околните места.
На прес-конференцијата која што се одржа во Кичево, како и на средбите со граѓаните Милошоски говореше за инвестицијата на американската компанија во ТИРЗ Кичево, отворањето на рудникот за железо Тајмиште, модернизацијата на ТЕЦ Осломеј и изградбата на автопатот Охрид-Кичево кои што ќе отворат нови работни места за кичевчани.
При прошетката на Милошоски низ централното подрачје на Кичево сограѓаните од родното Кичево му порачаа дека секогаш ќе ја има нивната поддршка.
Милошоски се сретна и со жителите на Вранештица и МК Раштански пат, а предвидено е во текот на денот да оствари средба и со локалните жители на Другово.