Канадското претседавање со Г7 е ризична „напредна програма“

Канадскиот премиер Џастин Трудо ветува „напредњачка програма“ на канадското претседавање со групата седум најразвиени земји во светот Г7 кое започнува од 1-ви јануари 2018 година, но дебатите уште еднаш може да се заглават на климатските промени

Претседавањето на Канада за Џастин Трудо доаѓа во моментот кога неговата влада сета своја енергија ја вложува во тешкото повторно преговарање за Северноамериканскиот договор за слободна трговија (NAFTA) со САД и со Мексико, кој американскиот претседател Доналд Трамп ги бараше во контекстот на американскиот протекционизам.

Рамноправноста на половите, климатските промени и економскиот раст „кој е во полза на сите“ се приоритети на канадското претседавање со самитот на седумте најразвиени земји: САД, Германија, Јапонија, Велика Британија, Франција, Канада и Италија.

Канадскиот премиер сака „да даде конкретни решенија“ за сите овие проблеми кога на 8-ми и 9-ти јуни 2018 година ќе се сретне со шесте претседателите на држави и влади во Ла Малбеу, гратче во туристичкиот регион Шарлевоа, 150 километри североисточно од градот Квебек, којашто УНЕСКО ја прогласи за светски резерват на биосферата.

Климатските промени може да претставуваат јаболко на раздорот на тој смета Џон Киртон, шеф на истражувачката група за Г7 на универзитетот во канадската метропола Торонто. На минатиот самит на Г7 во италијанското гратче Таормина, американскиот претседател Доналд Трамп беше „осамен јавач“ и подоцна објави дека САД се повлекуваат од Парискиот климатски договор. Сакајќи да ги намали тензиите, Канада предлага дебатата за климатските промени да се прошири на „океаните и на чистата енергија“, соопшти кабинетот на Трудо.

„Трамп го сака Трудо и ќе го послуша. Премиерот мора само да пронајде начин како да го промени начинот на размислување кај Трамп“, оценува Киртон во анализата на AFP.

Доколку преговорите за NAFTA бидат успешно завршени, канадскиот премиер би можел да ја искористи својата моќ на „убедување“ и да го придобие американскиот претседател за „борбата со климатските промени“, додава Киртон.

Тоа за Канада претставува тешка задача, бидејќи и самата е подложена на критика поради зголемувањето на емисиите на гасовите коишто го предизвикуваат ефектот на стаклената градина и експлоатацијата на битуменскиот песок во Алберта, на западот од земјата, истакна во средината на декември Организацијата за економска соработка и развој (OECD).

На самитот важна тема за Трудо ќе биде рамноправноста на половите за којашто даде пример веднаш по доаѓањето на власт, кога со именување на жени во владата, Сенатот и Врховниот суд настојуваше да постигне рамномерна застапеност на половите.

Во текот на канадското претседавање ќе се наметнат и други теми, како што се севернокорејската нуклеарна и ракетна програма. Нечекајќи го официјалниот самит на челниците на Г7 во јуни, Канада и САД заедно работата на отстранување на кризата, па веќе на 16-ти јануари во Ванкувер ќе се сретнат министрите за надворешни работи на дваесетина земји.