
Американскиот претседател Доналд Трамп на својот акаунт на Twitter во саботата даде поддршка на еконмските протести во Иран наведувајќи дека „светот гледа“ и дека „репресивните режими не можат да траат вечно“, додека Техеран го осуди „дволичната“ американска поддршка на протестите.
Во неколкуте твитови Донамд Трамп напиша: „Целиот свет разбира дека добрите луѓе на Иран сакаат промени и дека иранските лидери, освен од американскава воена сила, најмногу се плашат од иранските граѓани“.
Американскиот претседател тврди и дека „репресивните режими не можат да издржат засекогаш“, како и дека „ќе дојде денот кога иранскиот народ ќе се соочи со изборот“.
„Светот гледа!“, заклучува Трамп.
Претседателот објави и видеозаписи од својот говор во Обединетите нации во септември во кој рече дека „целиот свет разбира дека добрите Иранци сакаат промени“.
Твитовите на Трамп следеа по соопштението од Белата куќа со слични тврдења коишто ги твитуваше во петокот доцна ноќта.
Во петокот во најмалку шест ирански градови избувнаа протести против владата на либералниот претседател Хасан Роухани. Иранските медиуми јавуваат дека демонстрантите повторно се собрале и покрај предупредувањата на од безбедносните сили, по судирот меѓу демонстрантите и полицијата и десетиците приведени претходниот ден.
Видео снимките објавувани на социјалните мрежи покажуваат демонстранти кои фрлаат разни предмети врз безбедносните сили извикувајќи пароли против клериците на власт, вклучително и пораката „Засрамете се мули и напуштете ја во мир оваа земја“.
Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Бахрам Касеми ги осуди „лицемерните и опортунистички“ изјави со поддршка од страна на американските официјални претставници на протесните собирите во Техеран и во другите ирански градови предизвикани од економската ситуација, зголемување на цените и невработеноста.
„Големата иранска нација ја опортунистичката и дволична поддршка на американските претставници за одреден собири последните неколку дена во некои ирански градови, како ништо друго освен (дел од) лагите и хипокризијата на американската администрација“, изјави Касеми.
Потсети на забраната на Трамп за влез во САД за жителите на седум муслимански земји, меѓу кои и Иран како и на „апсењето на многу Иранци кои живеат во таа земја под неосновани образложенија“.
„Уставот на Исламската Република Иран предвидува демократски структури за заштита на граѓанските барања, и сосема е возможно да се проследат таквите барања во рамките на законот“, додаде Касами.
Портпаролот на иранската дипломатија спомена и дека речиси 70-те години на мешање од разните американски администрации во внатрешните работи на Иран и посочи дека „американските функционери не се во позиција да сочувствуваат со големата и мудра иранска нација“.