Американски тинејџер си ги уби родителите и сестрата

Полицијата во градот Лонг Бранч, во американската сојузна држава, приведе 16-годишник кој е осомничен дека во новогодишната ноќ сестрата, родителите и нивна повозрасна пријателка во новогодишната ноќ, се наведува во соопштението што во понеделникот на својата интернет страница го објави обвинителството на округот Монмут.

Според извештајот, во полицијата 17 минути по полноќ во неделата по локално време примиле дојава за пукање. Полициските службеници на посочената адреса ги пронашле телата на четири лица: 42-годишната Линда Колоџи, 44-годишниот Стивен Колоџи, нивната 18-годишна ќерка Британи, како и на 70-годишната Мери Шулц.

Покрај тоа, биле ранети и братот и дедото на осомничениот, кои се задржани во болница, но според окружниот обвинител Кристофер Грамичиони,го преживеале нападот неповредени.

Според првичниот извештај на властите, четирите лица кусо по полноќ од полуавтоматска пушка ги застрелал тинејџер, чијшто идентитет не се открива. Осомничениот бил уапсен на самото место, и притоа не давал отпор на полицајците, но не е јасно дали бил вооружен во тоа време. Засега не се познати мотивите за злосторството.

Според весникот NY Daily News, против тинејџерот веќе е покренато обвинение за убиство на четири лица и за недозволено поседување оружје