Граѓаните повтoроно се гушат во загаден воздух

Mакедонија повторно се гуши во загаден воздух. ПМ 10 честичките во воздухот и утрово над дозволеното. Македонија ја почна новата 2018 година со старите проблеми.

Мерењата на ПМ 10 честичките укажуваат дека најзагадено утринава е во Миладиновци со 329 микрограми на метар кубен, потоа Карпош со 293 микрограми на метар кубен, и Рекотрат со 247. Веднаш зад нив се Лисиче (236) и Центар (207 микрограми на метар кубен).

Воздухот беше загаден и за време на Новогодишната ноќ, и во текот на вчерашниот ден.

Многу високи концентрации на честичките ПМ 10 синоќа имаше на сите мерни места во Скопје, како и во Куманово, Битола, Тетово и Кавадарци.

Синоќа во 21 часот концентрациите на опасните честички ПМ 10 во Лисиче достигнаа 556 микрограми на метар кубен, во Карпош 441, Центар 275, во Куманово 350, Тетово 280, Кавадарци 239 и Битола 413 микрограми на метар кубен.

Високо ниво на овие честички е регистрирано и во Кочани и Кичево.